сабота, 19 октомври 2024

Европската комисија почнува постапка против Полска поради законот за руското влијание

Објавено на

часот

Сподели

Спорниот закон предвидува основање истражна комисија која би истражувало дали некои службеници во периодот меѓу 2007 и 2020 година потпаднале под руско влијание. Во случај таа комисија да утврди дека имало руско влијание, би можела да им забрани на тие лица десет години да имаат пристап до доверливи информации или да вршат работи со јавни средства, со што тие би се отстраниле од јавни должности.

Владејачката националистичка партија Право и правда (ПиС) вели дека либералната опозициска партија Граѓанска платформа (ПО) дозволи Полска да стане опасно зависна од руските фосилни горива додека ПО беше на власт од 2007 до 2015 година, поставувајќи прашања дали членови на ПО биле под влијание на Москва.

Од ПО, која е главен противник на владејачката ПиС на парламентарните избори оваа есен, истакнуваат дека главна цел на овој закон е да се уништи поддршката на нејзиниот лидер Доналд Туск, кој беше премиер од 2007 до 2014 година. Потоа, пет години беше претседател на Европскиот совет.

Комисијата реши да дејствува, и покрај најавата на полскиот претседател Анджеј Дуда дека ќе се внесат некои промени во тој закон. Полската опозиција овој закон го нарече противуставен и сталинистички. Исто така и Соединетите Држави и Европската комисија во минатите денови го критикуваше овој потег на полската владејачка партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ