вторник, 23 јули 2024

Еуфор е спремен во случај на сецесија да интервенира во БиХ

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е наведено во еден од одговорите на владата на Холандија на прашањата на Одборот за надворешни прашања во парламентот на таа земја по повод ангажирањето на 164 холандски војници во рамки на мисијата на Еуфор Алтеа.

Истакнуваат и дека меѓународната заедница разгледува неколку сценарија во случај Русија да одлучи во ноември на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации да не го продолжи мандатот на оваа мисија, но дека владата на таа земја проценува дека нема да има блокада.

„Изостанувањето на обнова на мандатот на Еуфор на Советот за безбедност во ноември 2023 би можело да претставува ризик имајќи го предвид рускиот став кон таа мисија и дестабилизирачкото влијание кое таа земја се обидува да го насочи кон регионот. Меѓутоа, во овој момент проценуваме дека ризикот е ограничен бидејќи операцијата во рамки на мандатот на ОН на Русија веројатно ѝ е поприфатлива од можните алтернативи. Доколку дојде до руско вето, и ЕУ и НАТО развиваат различни сценарија“, се ситакнува.

Се додава и дека ќе бидат применети лекциите од Авганистан без прецизирање на што се мисли. Инаку, и владата на Соединетите Американски Држави смета дека Русија во ноември нема да го блокира мандатот на Еуфор.

Владата на Холандија, во еден од одговорите, оцени дека приемот на Босна и Херцеговина во НАТО сега не е на дневниот ред поради комплексната ситуација во БиХ и лошата состојба на оружените сили на таа земја.

Во одговорите на повеќе прашања се зборува за политиката на Република Српска кон БиХ и реториката на Милорад Додик, претседателот на РС, а предупредуваат дека законите за пренос на надлежностите од БиХ на РС и понатаму се во парламентарна процедура.

Владата на Холандија оценува дека односот на Додик кон Еуфор се движи од негативен до благо позитивен.

„Командата на Еуфор ситуацијата во БиХ во моментов ја оценува како релативно стабилна, а ситуацијата во РС и антагонистичкиот став на претседателот Додик загрижуваат“, се истакнува.

Холандија се залага за итно воведување на пакет санкции на Додик, но засега овој став нема доволно поддршка, се истакнува во одговорот на прашањето на Одборот за надворешни работи на парламентот на таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ