вторник, 22 октомври 2024

ЕУ жестоко го казни Орбан поради мигрантите

Највисокиот суд на Европската Унија донесе одлука дека Унгарија мора да плати 200 милиони евра поради непочитување на политиката за миграција и азил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарската влада, најголемиот заговорник на антиемиграциската политика во ЕУ, исто така мора да плаќа милион евра дневно додека не ги исполни тие услови, поради кои е казнета.

Европскиот суд на правдата донесе денес пресуда дека Унгарија мора да плати паушален износ од 200 милиони евра и казна од милион евра за секој ден доцнење поради неспроведувањето на мерки кои ѝ се наметнати во врска со миграциите и политиката на азил.

Судиите во Стразбур кажаа во декември 2020 дека Унгарија не го почитува законот на ЕУ за третманот на мигрантите и ѝ наложи да спроведе промени.

Судот кажа дека неспроведувањето на неговата пресуда е „без преседан и дека е исклучително сериозна повреда на правото на ЕУ“.

Исто така, пресудено е дека „Унгарија не ги презела неопходните мерки за спроведување на пресудата од 2020 во поглед на пристапот до постапката на меѓународната заштита“.

Во пресудата се наведува дека Будимпешта не го почитувала правото на поднесувачите на барањата кои барале заштита да останат во Унгарија до конечната одлука за жалбата на одбивањето и дека „протерувала државјани на трети земји кои нелегално престојувале во Унгарија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ