вторник, 22 октомври 2024

ЕУ: Србија со лобирањето против Косово го крши договорот за пат кон нормализација

Портпаролот на Европската Унија Петер Стано изјави дека Белград го крши договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија со лобирањето против членството на Приштина во меѓународните организации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија е важечки и обврзувачки во целост и за Косово и за Србија. Тоа го вклучува членот 4 на овој договор. Лобирањето на Србија против Косово е јасно кршење на договорот“, наведе Стано.

Лидерите на Србија и Косово на крајот на 2023 година не го потпишаа договорот за пат кон нормализација на односите, туку усно се согласија со посредување на ЕУ. Во членот 4 на договорот се наведува дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните организации.

Србија во меѓувреме лобираше против приемот на Приштина во Советот на Европа. Косово не стана член на Советот на Европа бидејќи не го почна формирањето на Заедницата на српски општини.

ЕУ оваа година го вклучи договорот за патот кон нормализација во преговорите на Србија за членство во Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ