сабота, 19 октомври 2024

ЕУ смета дека вонредни избори на Косово мора што побрзо да се одржат

Објавено на

часот

Сподели

По најавата за намалување на бројот на специјални полицајци на северот на Косово, кажаа од ЕУ, понатамошни чекори се нужни за попуштање на тензиите за ЕУ да размисли за повлекување на казнените мерки против властите во Приштина.

Стано наведе дека роковите за смирување на приликите и резултатите во дијалогот зависат од „способноста на Приштина и Белград да ги исполнат нужните барања, мерила, ветувања“.

Тој така одговори на новинарското прашање дали ЕУ очекува некакви итни, опипливи резултати во средувањето на односите на Приштина и Белград до крајот на годината, имајќи предвид дека следната се одржуваат избори за Европскиот парламент и други важни настани.

На прашањето на новинарите дали Европската комисија ќе ги повлече санкциите на Приштина, ако тамошните власти најават свикување нови избори во општините со српско мнозинство на северот на Косово, Стано истакна дека ЕУ и нејзините меѓународни партнери во повеќе наврати многу јасно дале до знаење дека санкциите на Приштина може да бидат повлечени ако косовските власти почнат со смирување на тензиите.

Тоа значи, истакна тој, веднаш да ги повлечат специјалните сили од и околу општините на северот на Косово, а градоначалниците да мора да ги вршат должностите надвор од општинските згради.

ЕУ ги оцени поволно првите чекори од Приштина, додаде Стано, а тоа е најавата за повлекување на 25 отсто од полициските специјалци од и околу општинските згради во српските општини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ