петок, 25 октомври 2024

ЕУ го објави тендерот за изградба на гасно поврзување на Македонија со Грција

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. На наша територија на делот од Гевгелија до Неготино ќе биде во должина од 67 километри  со очекувана вредност од над 83 милиони евра.

Управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ земјава, го презеде грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

Проектот ќе биде финансиран од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Се очекува гасниот интерконектор  да биде завршен до средината на 2025 година.

Детални информации за тендерот се достапни тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ