сабота, 19 октомври 2024

ЕУ ѝ ги одмрзна средствата на Унгарија иако Орбан се заканува со вето на отворањето преговори со Украина

Европската Унија денес ѝ попушти на Унгарија и го одобри пристапот до милијардите евра кои ѝ беа замрзнати во европските фондови, токму кога премиерот на таа земја Виктор Орбан изгледаше спремен да им пркоси на своите ЕУ партнери и да стави вето на отворањето преговори за членство со Украина и финансирање на нејзината економија.

Објавено на

часот

Сподели

Пред една година, извршната власт на Европската Унија блокираше значителни количества пари наменети за Унгарија, загрижена дека демократското назадување на владата на Орбан би можело да го загрози европскиот буџет.

Задржаните милијарди главно се однесуваат на таканаречените кохезиски фондови. Овој пакет парични средства, еден од најголемите делови на заедничкиот буџет на 27-те земји, им помага на членките на ЕУ да ја одржат својата инфраструктура по европски стандарди. Тие мора да аплицираат за тие пари за да финансираат градежни и други проекти.

Сега Европската комисија донесе одлука дека владата на Орбан излегла во пресрет на некои забелешки, особено во врска со реформата на правосудството, па е спремна на Унгарија да ѝ одобри пристап до фондот од 10,2 милијарди евра за надомест на трошоците во одобрените проекти.

Но, Брисел стави и предупредување: „Комисијата внимателно и континуирано ќе го следи, особено преку ревизии, активното ангажирање со заинтересираните страни и во одборите за следење, примената на мерките кои ги воведе Унгарија“.

Во соопштението на ЕИ се назначува дека таа, ако се појават проблеми, „може повторно да одлучи да го блокира финансирањето“.

Пристапот до замрзнатите пари ќе ѝ биде добредојдено олеснување на унгарската економија, која во септември едвај избегна четврто последователно намалување на економските активности.

Критичарите велат дека оваа одлука на Европската комисија изгледа како обид да се влијае на Орбан откако тој бараше на самитот на ЕУ, кој почнува во четврток, да не се донесе одлука за почнување пристапни преговори со Унгарија и да се блокира пакетот помош за земјата во износ од 50 милијарди евра за помош на нејзината економија.

Останатите 26 европски партнери на Орбан по сè изгледа планираат да продолжат со плановите за Украина, судејќи по нацрт соопштението од самитот во кое имал увид Асошиејтед прес.

Одлуките на самитот се носат едногласно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ