недела, 24 ноември 2024

Ескобар: Кризата на Косово може да прерасне во регионален конфликт

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека кризата на Косово може да прерасне во регионален конфликт и дека е многу загрижен за ситуацијата на Косово.

Тој го изјави ова во онлајн дискусија на Атлантскиот совет во Вашингтон, американски институт кој се занимава со меѓународни прашања, пренесува Радио Слободна Европа.

Косовските полицајци се во притвор во Краљево во централна Србија.

Тамошното обвинителство ги сомничи за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали.

Според властите во Белград, полицајците биле уапсени на 14 јуни на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.

Властите во Приштина тврдат дека косовските полицајци биле киднапирани на територијата на Косово при обиколка на границата.

Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија и земјите-членки на Квинта побараа итно ослободување на косовските полицајци.

Ескобар рече дека САД ги признаваат резултатите од локалните избори на северот на Косово, како и легитимитетот на градоначалникот на северот.

„Но, ние не го поддржавме Косово да ги окупира општинските згради насилно“, рече Ескобар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ