вторник, 22 октомври 2024

Ескалација на борбите меѓу Хезболах и Израел

Либанската шиитска милитантна група Хезболах објави дека извршила повеќекратни напади врз позициите на израелската армија, вклучувајќи го и првиот напад со беспилотни летала опремени со експлозиви, додека Израел извршил воздушни напади во јужен Либан.

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска соопшти дека одговорила на лансирањето од Либан со воздушни напади врз цели на Хезболах со тенковски и артилериски оган.

Хезболах објави дека неговите борци извршиле 19 симултани напади врз позициите на израелската армија во Израел користејќи наведувани ракети, артилерија и друго оружје.

Хезболах соопшти дека две беспилотни летала наполнети со експлозиви погодиле командна станица на израелската армија во областа Шеба Фармс на границата. Израелското гранатирање погодило предградие на градот Хијам на околу 6 километри од границата, при што полесно е повреден еден цивил, изјави градоначалникот на градот, Али Рашед.

Израелскиот генерал-полковник Херзи Халеви, во очигледно предупредување до Хезболах, рече дека „помалку од половина од воздушните сили на Израел“ се вклучени во воздушните напади врз Газа и дека „многу сили се подготвени со наполнети бомби доколку се појави потреба за напад на други фронтови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ