сабота, 19 октомври 2024

Еруптираше вулкан во Индонезија. Најмалку 11 мртви, многу исчезнати (ВИДЕО)

Спасувачите пронајдоа тела на 11 жртви по ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, соопшти портпаролот на спасувачките служби, а потрагата по 12-те исчезнати е прекината од безбедносни причини.

Објавено на

часот

Сподели

Во моментот на ерупцијата во областа на вулканот имало 75 планинари, 49 од нив биле евакуирани во понеделникот, а многумина од нив се лекуваат од изгореници, изјави портпаролот на потрагата и спасувањето Џоди Харјаван.

Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронашле и тројца преживеани, додаде Харјаван, а потрагата по другите 12 исчезнати била прекината поради подоцнежна помала ерупција.

Во очекување на активирање на вулканот, властите го подигнаа степенот на готовност и воспоставија зона за забранет пристап на три километри од кратерот.

Марапи еруптираше во неделата, испуштајќи на небото пепел во висина од три километри. Небото било покриено со огромен облак од вулканска пепел, што ги покрил автомобилите и патиштата, покажуваат снимките.

Вулканот е еден од најактивните на Суматра, а најмногу жртви зеде во април 1979 година, кога во ерупцијата загинаа 60 луѓе. Еруптираше и на почетокот на оваа година, забележува Ројтерс.

Индонезија има 127 активни вулкани и се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“, според Агенцијата за вулканологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ