вторник, 22 октомври 2024

Ерменската полиција уапси 98 демонстранти пред зградата на парламентот

Ерменската полиција денеска уапси 98 учесници на протестен митинг во близина на зградата на парламентот, соопшти за РИА Новости прес-службата на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пред зградата на парламентот вечерва се одржува протестен собир на кој се бара оставка од ерменскиот премиер Никол Пашинјан, дошло до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата, при што биле повредени над 50 лица.

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во собраниската зграда каде се одржува „владиниот час“, односно времето на собраниската седница кога членовите на Владата и други функционери одговараат на прашањата на пратениците.

До тепачка дошло и во зградата на парламентот меѓу претставници на власта и опозицијата, поради изјавата на Пашинјан за „кукавички дезертери генерали кои го напуштиле бојното поле во 2020 година во Нагорно Карабах“, пренесува РИА Новости. Протестите започнаа на 9 мај и собраа околу 70.000 луѓе, што е многу значајна бројка за Ереван.

Демонстрантите тврдат дека се незадоволни од начинот на кој се врши демаркацијата на границата со Азербејџан, односно од политиката на премиерот, која подразбира предавање на ерменските погранични територии. Во април 2024 година, Ереван и Баку објавија дека специјалните комисии на двете земји утврдиле каде точно ќе минува границата.

Целта е границите на двете земји да се доведат во рамката која постоела во времето на распадот на СССР, во согласност со тој договор, голем број села во близина на регионот Тавуш во Ерменија да станат дел од Азербејџан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ