вторник, 22 октомври 2024

Ерменија се приклучи на Хашкиот суд; Русија: Тоа е непријателска одлука

Ерменија официјално стана членка на Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), објавија агенциите, одлука која Русија ја оцени како непријателска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Римскиот статус (со кој е основан ИЦЦ) официјално стапува на сила за Ерменија на 1 февруари“, кажа за агенцијата Франс прес ерменскиот претставник за правни прашања Јегише Киракосјан, што Русија веќе го оцени како непријателска одлука.

Во март меѓународниот суд со седиште во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради наводно организирање или одобрување нелегална депортација на украински деца во Русија.

Ереван сега е обврзан да го уапси рускиот претседател ако стапне на негова територија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во октомври кажа дека Ерменија донела лоша одлука со ратификувањето на Римскиот статут.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан се обиде да ги ублажи несогласувањата со Кремљ порачувајќи дека одлуката не е насочена против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ