вторник, 22 октомври 2024

Ерменија ја призна Палестина

Ерменското министерство за надворешни работи објави денес дека Ерменија ја признала државата Палестина како чекор кон мирот на Блискиот Исток, истовремено истакнувајќи дека „ситуацијата во Газа е критична“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Повторно потврдувајќи ја својата посветеност на меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина“, се наведува во соопштението на министерството.

„Ереван искрено сака траен мир во регионот како и моментално воспоставување примирје во Газа“, се наведува.

Хусен ал Шеик, генералниот секретар на извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), веднаш ја поздрави одлуката на официјален Ереван.

„Тоа е победа на правото, правдата, легитимитетот и борбата на нашиот палестински народ за ослободување и независност“, објави тој на социјалната мрежа Икс.

На крајот на мај Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа државата Палестина од иста причина, а на почетокот на јуни и Словенија, на што гневно реагираа израелските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ