вторник, 22 октомври 2024

Ердоган: Турција е спремна за нормализација на односите со Сирија

Турција е отворена за иницијативите за нормализација на односите со соседна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој кажа дека нема причина двете држави да не воспостават дипломатски односи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Можеме да дејствуваме заедно, како што правевме во минатото. Немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Сирија“, кажа Ердоган во Истанбул.

На средбата со специјалниот претставник на рускиот претседател во Сирија Александар Лаврентјев, сирискиот претседател Башар ал Асад кажа дека Дамаск е отворен за сите иницијативи, насочени кон унапредување на односите со Турција, доколку овој процес се заснова на почитување на суверенитетот на Сирија и тежнеењето да ја врати контролата на целата своја територија.

Во Москва на 25 април минатата година беа одржани преговори меѓу министрите за одбрана на Русија, Иран, Сирија и Турција. Во текот на овие преговори беше разговарано за практичните чекори за јакнење на безбедноста на Сирија и на нормализација на сириско-турските односи.

Лаврентјев потоа најави дека лидерите на Сирија и Турција би можеле да одржат состанок со рускиот претседател Владимир Путин за да се изработи мапа на патот за решавање на односите на Сирија и Турција.

Подоцна Асад кажа дека преговори со Ердоган не се на дневниот ред сè додека турските сили се на територијата на Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ