вторник, 22 октомври 2024

Ердоган положи заклетва за нов претседателски мандат: На чело на Турција уште 5 години (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Се колнам во мојата чест и интегритет пред големата турска нација и историја дека ќе го чувам постоењето и независноста на државата, дека ќе се придржувам до Уставот, владеењето на правото, демократијата, принципите и реформите на Ататурк и принципите на секуларната република“, рече Ердоган на церемонијата на инаугурација во парламентот на Анкара, пренесува Ројтерс.

 

 

Ердоган, кој е лидер со најдолго владеење во Турција, победи на неодамнешните претседателски избори.

Во вториот круг освои 52,2 отсто од гласовите и со тоа го победи противкандидатот Кемал Киличдароглу.

 

 

Инаугурацијата ќе биде проследена со церемонија во претседателската палата, на која ќе присуствуваат високи претставници од 78 земји и меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Венецуела Николас Мадуро, како и унгарскиот и ерменскиот премиер, Виктор Орбан и Никол Пашинјан, објави државната новинска агенција Анадолија.

 

 

Ердоган стана премиер во 2003 година, откако неговата Партија на правдата и развојот (АК) победи на изборите кон крајот на 2002 година, по најтешката економска криза во Турција од 1970-тите.

 

 

Тој стана првиот претседател на Турција избран со директно гласање во 2014 година, а беше реизбран во 2018 година, откако обезбеди нови извршни претседателски овластувања на референдумот во 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ