сабота, 19 октомври 2024

Ердоган: Новите израелски напади на Либан ќе доведат до проширување на војната на целиот регион

Новите израелски напади на Либан ќе доведат до тоа војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Неодамнешните напади на Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасни показатели на напорите војната да се прошири на целиот регион“, кажа Ердоган, истакнувајќи дека мирот во регионот го загрозува „геноцидот кој Израел го спроведува на палестинските територии, особено во Појасот Газа“, пренесува агенцијата Анадолу.

Ердоган во Њујорк кажа дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефикасни чекори за да го сопрат „угнетувањето во Газа или да го спречат масакрот кој го спроведува Израел“.

Тој оцени дека институциите чија должност е да обезбедат мир и безбедност „очигледно се во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ги губат ефикасноста и кредибилитетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ