вторник, 22 октомври 2024
Израел ги повлекува дипломатите од Турција

Ердоган нападите врз Газа ги нарече „масакр“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред насобраните на протестот во Истанбул, нападите на Израел во Газа ги нарече „масакр“, тој додаде дека западните сојузници се „главно виновни“ за она што го прави Израел и го нарече „воени злосторства“.

Објавено на

часот

Сподели

„Израел, ќе те прогласиме за воен злосторник. Се подготвуваме за тоа и на светот ќе му го претставиме Израел како воен злосторник“, изјави Ердоган пред насобраните луѓе, пренесува Ројтерс.

Турскиот премиер изјави дека не го смета Хамас за „терористичка организација“, иако оваа воена организација е забранета во САД, Велика Британија и други земји во светот.

Ердоган зборуваше од големата бина пред околу еден и пол милион луѓе.

По говорот на Ердоган во Истанбул, веднаш следеше реакција на израелските власти.

Шефот на израелската дипломатија Ели Коен на социјалната мрежа Икс објави дека им наредил на израелските дипломати да ја напуштат Турција по, како што рече, „острите изјави“ од Истанбул во кои турскиот претседател Ердоган ги нарече израелските напади врз Газа „масакр“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ