понеделник, 21 октомври 2024

Ердоган: Хамас не е терористичка организација. Тие се група муџахедини кои ја бранат својата земја и своите луѓе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган обраќајќи им се на пратениците на својата партија во парламентот го коментираше конфликтот на Блискиот Исток.

Објавено на

часот

Сподели

„Израел заедно со Западот може да го гледа Хамас како терористичка организација. Западот ви должи многу. Но Турција не ви должи ништо“, им порача Ердоган на Израелците.

„Хамас не е терористичка организација, тие се група муџахедини кои ја бранат својата земја и своите луѓе“, рече тој, пропратено со овации. Турскиот лидер потврди дека ги откажува плановите за посета на Израел поради „нехуманата“ војна, пишува Тајмс оф Израел.

„Имавме проект да одиме во Израел, но тој беше откажан, нема да одиме“, рече тој. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, говорејќи во Катар, го обвини Израел за „злосторства против човештвото“ за време на воените операции во Газа.

„Гаѓање на нашите палестински браќа, вклучително и деца, пациенти и постари лица, дури и во училишта, болници и џамии, е злосторство против човештвото“, нагласи тој заедно со катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ