недела, 21 јули 2024

Ердоган: Да се оформи комисија за истрага на уривањето на украинската брана

Објавено на

часот

Сподели

Во телефонскиот разговор со украинскиот колега Володимир Зеленски Ердоган кажал дека би можело да се оформи комисија, во кое ќе учествуваат специјалисти од завојуваните страни, ОН и од меѓународната заедница, вклучително и од Турција, се наведува во соопштението на кабинетот на турскиот претседател. 

Задача на комисијата би било да се спроведе темелна истрага за уривањето на браната Каховка. Ердоган, кој потоа разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, сака  истрагата да отстрани секакво сомневање, истакнува кабинетот во одвоеното соопштение.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападот на браната што го снабдуваше со вода Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, а се наоѓа во подрачјето кое украинските сили се обидуваат да го ослободат. 

Уривањето на браната предизвика пораст на водостојот на Днепар што натера илјадници цивили да го напуштат подрачјето кое е под вода, додека се стравува и од еколошка катастрофа. Турција, членка на НАТО, успеа од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година да ги зачува добрите односи и со Киев и со Москва.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ