Елиф Елмас со шест гола и три асистенции даде голем допринос за Скудетото иако најчесто ја имаше улогата на „џокер“.
Наполи на секој играч му направи персонализиран дрес кој е и во продажба, сега фудбалерите добија посебни признанија – шампионското стапало за шампионите.
Секој фудбалер на Наполи, вклучително и Елмас кој доби бурни аплаузи од соиграчите кога го повикаа, добија посебен подарок – златното стапало на Марадона. Наградите беа доделени во тренинг-центарот Димаро во Кастел Волтурно, а задутре Наполи на својот стадион го игра последниот меч сезонава против испаднатата Сампдорија по што официјално ќе го добие и пехарот за нов фудбалски владетел на Апенините.