среда, 23 октомври 2024

Елиминација на Струга во 96. минута, македонскиот шампион заврши со Европа

Македонскиот шампион, Струга, доживеа несреќна елиминација откако со 3-1 загуби на гостувањето кај Пјуник во Ереван, клучниот гол беше постигнат во 96. минута.

Објавено на

часот

Сподели

Сите очекуваа дека натпреварот ќе отиде во продолженија, но тогаш една одбиена топка од голманот Дујомовиќ дојде до Коваленко кој постигна гол за победа на Пјуник од 3-1 и елиминација на Струга.

Стружани беа рамноправен противник, шанси имаше и на двете страни, но домаќинот подобро го почна дуелот.

Во 16. минута Дебле погоди за водство на Пјуник од 1-0, а во 45. минута Коваленко реализираше за предност и од 2-0.

Длабоко во судиското продолжение од првото полувреме Ибраими постигна убав гол за 2-1. Тоа беше и резултатот од првиот меч.

Во вториот дел натпреварот беше рамноправен, но за жал падна концентрацијата во финишот и Струга го заврши настапот во Европа за оваа сезона.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ