вторник, 22 октомври 2024

Експлозивните мемоари на Стипе Месиќ предизвикуваат политички земјотрес во Хрватска

Првиот дел од мемоарите на поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ, еден од најзначајните хрватски политичари во изминатите децении, последниот претседател на Претседателството на СФРЈ, претседателот на првата хрватска влада и претседател на Република Хрватска во два термини, премиерно ќе биде претставен во вторник на саемот на книги во Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот дел од мемоарите „Прогонот и народното будење – борбата за демократска Хрватска“, опширниот текст напишан на повеќе од илјада страници и поделен о два тома, го опфаќа периодот на политичкото дејствување на Месиќ од младоста до крајот на 1990 година, додека вториот дел (кој би требало да излезе на почетокот на следната година) ќе го покрива периодот од 1991 година натака.

„Мемоарите отвораат безброј важни теми и го носат неговиот поглед на најважните настани на модерната хрватска историја и нејзините актери. Значи, многу настани на кои Месиќ сведочел од прва рака. Ќе има многу интересни и досега непознати податоци, забелешки, сведоштва, детали за Хрватската пролет, формирањето на ХДЗ, создавањето на модерна Хрватска“, вели Фрањо Малетиќ, уредник на мемоарите и соработник на Месиќ.

Нема сомнеж дека мемоарите на Месиќ, особено поглавјата кои го покриваат формирањето на Хрватската демократска заедница, ќе кренат голема прашина на домашната политичка сцена.

Опишувајќи го формирањето на ХДЗ, Месиќ сугерира дека меѓу делегатите од дијаспората имало многу луѓе кои соработувале со УДБА и други поранешни државни служби.

Првиот дел од мемоарите на Месиќ носи и неколку бисери.

„Читателите ќе можат да прочитаат како Фрањо Туѓман, пред да стане истакнат член на партизанското движење, бил функционер на усташка НДХ. Имено, тој некое време бил вработен во министерството за домобрани на НДХ“, вели Малетиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ