четврток, 24 октомври 2024

Експлозија во Тојота во Болоња, двајца работници загинаа, неколку се повредени

Вчера попладне во фабриката „Тојота материјал хандлинг“ во Болоња се случи силна експлозија, при што загинаа двајца, а беа повредени уште неколку работници. Експлозијата одекнала нешто по 17 часот, а работниците и жителите во околината почувствувале силен удар, како земјотрес.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Жртвите се Лоренцо Кубело (37) и Фабио Тоси (34), двајцата од Болоња, вработени во фабриката. Двајца работници се во тешка состојба, додека други се здобиле со полесни повреди и биле пренесени во болницата Маџиори.

Експлозијата се случила во магацинот на фабриката, каде во моментот на несреќата имало 300 работници. Според првичните информации, експлозијата најверојатно била предизвикана од дефект на компресорот.

Итната помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот, а градоначалникот на Болоња, Матео Лепоре ја посети фабриката, изразувајќи сочувство и поддршка на семејствата на загинатите.

Ноеми, вработена во одделот за инспекција, во моментот на експлозијата била во фабриката.

„Светлата веднаш исчезнаа со огромен тресок, лустерите почнаа да се тресат. Едно лице извика „сите надвор“ и веднаш излеговме. Мислев дека е земјотрес. Сите бевме шокирани, како да сме во филм. Имаше проблеми, но ништо вака сериозно не се случило досега“, изјави Ноеми.

По експлозијата, пред фабриката се собрале загрижените членови на семејството и соработници кои биле внатре во зградата во моментот на несреќата.

Градоначалникот Лепоре ја нарече трагедијата уште една во низата несреќи на работното место, апелирајќи на потреба од поголема безбедност и заштита на работниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ