понеделник, 21 октомври 2024

Експлозија во Риека, уапсени двајца бомбаши, имале и трета бомба

Објавено на

часот

Сподели

Непосредно пред споменатиот настан, околу полноќ, полициски службеници на Полициската управа Приморско-горанска пред трговски центар во месноста Кострена затекнале германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа. Наведените лица се уапсени и приведени во полициска станица, соопштија од полицијата, пренесува Индекс.

Осомничените имале и трета направа, а сѐ е поврзано со експлозијата на 21 мај во реонот на трговскиот центар Вежице во Риека, кога било оштетено стаклото на вратата од трговскиот центар Плодине поради активирање на непозната експлозивна направа.

Истрагата за наведените настани е во тек, како и кривична истрага за утврдување на сите факти и околности, соопштија од ПУ Приморско- горанска.

И синоќа двајцата бомбаши поставувале експлозивна направа пред продавниците на Плодине. Како што пренесува Јутарњи лист, истражителите сметаат дека бомбите биле поставени како некаков притисок врз таа компанија.

Тие наведуваат и дека криминалните истражители во Риека веќе подолго време се сомневаат токму во оваа варијанта и дека апсењето на двајцата мажи синоќа веднаш откако поставиле експлозивна направа кај Плодине во Кострена не било случајно, туку станува збор за некој вид полициска заседа. Пред апсењето во Кострена, двоецот поставил експлозивна направа во близина на Тауер центарот, која експлодирала малку подоцна.

Имено, по првата експлозија на 21 мај пред Плодине на Вежице, полицијата направила план за прикриен надзор на трговските центри на Плодине во Риека, а синоќа околу полноќ нивното следење вродило со плод.

На Твитер се огласи и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

„Ѝ честитам на полицијата за нивната професионална и ефикасна работа во откривањето и апсењето на лица поврзани со серија експлозивни направи поставени на подрачјето на Риека. Нивната посветеност на работата е гарант за безбедноста на граѓаните и заштитата на јавниот ред и мир“, напиша тој на Твитер.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ