недела, 21 јули 2024
Претседателот на РКЕ за цената на струјата

Експерти со по четири стана шират лага дека во светот не се плаќа мрежарина, вели Бислимоски

Износот на мрежарината за струјата се определува во декември и ако нема драматични причини нејзиниот износ до тогаш нема да се менува, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прашањето дали таа ќе се укине или намали нејзината цена доколку од 1 јули поскапи струјата. Тој рече дека експерти со голем недвижен имот шират лага дека во светот не се плаќало за мрежарина.

Објавено на

часот

Сподели

„Мрежарината ја определуваме кон крајот на годината и така ќе биде и понатаму. Цените на мрежарините ќе ги определиме кон крајот на декември, согласно методологијата,  освен ако нема драматични промени. Ако увидиме овие неколку денови дека можеме тоа да го направиме, ќе го направиме“, рече Бислимовски.

За можноста за намалување на цената на мрежарината од 1 јануари тој вели треба да се види колку ќе бидат загубите, а посочи и дека ќе има нова влада и ново раководство во ЕСМ.

„За од 1 јануари ќе видиме, треба да видиме колку ќе бидат загубите, ако го има овој тренд на намалување на загуби, ќе биде во ред  за електридистрибуција, ЕСМ ги обезбедува загубите, ќе имаме нова влада, ново раководство во ЕСМ, ќе имаат нови визии како да го раководат ЕСМ, може и да ја намалат цената по која што ја нудат на тендерот за загуби, така што до тогаш се е можно“, рече Бислимовски.

Укинувањето на овој надомест, потецираше,  ќе значи зголемување на евтината тарифа за 15 проценти, на првиот блок за девет проценти.

„Е сега, очигледно е дека имаме погодени експерти кои имаат по четири-пет стана, кои имаат фотововолтаици на своите куќи и не можам да им помогнам, но да се кажуваат невистини дека таков надомест немало никаде во свет е срамота“, рече Бисломовски и посочи дека таков надомест користат држави како Германија, Австрија, Естонија, Малта, Хрватска, од соседството, Црна Гора, Србија, Косово и други држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ