петок, 25 октомври 2024

Египет се закани: Суспензија на мировниот договор ако израелската војска влезе во Рафа

Египет се закани дека ќе го суспендира мировниот договор со Израел ако израелската војска влезе во густо населениот пограничен град Рафа во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјата покрај тоа предупреди дека борби во тој град би можеле да предизвикаат затворање на главната рута за снабдување на палестинските територии, кажаа двајца египетски функционери и еден странски дипломат.

На заканите да се суспендираат договорите од Камп Дејвид, каменот темелник на регионалната стабилност речиси половина век, им претходеше оценката на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху дека е неопходно испраќање војници во Рафа за да се извојува победа во четиримесечната војна против палестинската исламистичка организација Хамас.

Повеќе од половината од 2,3 милиони жители на Газа избегаа во Рафа од конфликтите во другите области и сега живеат во шатори и засолништа на ОН крај границата.

Египет стравува од масовен прилив на стотици илјади палестински бегалци на кои можеби никогаш не би им било дозволено да се вратат.

Организациите за помош во меѓувреме предупредија дека офанзива во Рафа би ја влошила веќе катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа каде околу 80 отсто од жителите се избркани од своите домови, а според ОН четвртина од популацијата гладува.

Копнена офанзива во Рафа би можела да доведе до затворање на граничниот премин за испорака на неопходните храна и лекови.

Сите три спомнати извори ги потврдиле заканите на Египет.

Катар, Саудиска Арабија и други земји исто така предупредија на сериозни последици ако израелската војска влезе во Рафа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ