четврток, 24 октомври 2024

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на Хупекс е 41,81 евра, на МЕМО 75,21 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на Хупекс (HUPX) берзата во Унгарија за 22 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 41,81 евра за мегават час, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 75,21 евра/мегават час.

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 – Power solar peak) на Хупекс постигна ниво од 54,12 евра за мегават час, а на MEMO 83,56 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 33,34 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 34,62 евра.

и

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ