недела, 21 јули 2024
Ролан Гарос

Една година по тешката повреда Александер Зверев е во полуфиналето на Ролан Гарос

Објавено на

часот

Сподели

Овој успех на Зверев доаѓа по тешката повреда на зглобот која ја заработи во полуфиналето на Ролан Гарос пред една година кога го предаде мечот против Рафаел Надал.

Една година подоцна, откако долго беше надвор од терените, Александар Зверев повторно е во полуфиналето на овој грен-слем турнир.

Зверев денеска беше подобар од Ечевери, Германецот првиот сет го доби со 6-4, но Аргентинецот врати со 6-3 и изедначи на 1-1.

Александер Зверев беше одличен во следните два сета добивајќи ги со 6-3 и 6-4 и победи со 3-1 во сетови.

Во полуфиналето Зверев ќе игра со победникот од дуелот меѓу Руне и Руд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ