вторник, 22 октомври 2024
Бројна делегација во Вашингтон

Една делегација во НАТО предводи Мицкоски, друга Гаши, а Меџити вели дека имаат различни агенди

Заминувањето на две делегации на Самитот на НАТО во Вашингтон, едната предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, а другата од премиерот Христијан Мицкоски е поради тоа што двјацата имаат свои агенди на настанот, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити. Тој ги повика ДУИ да бидат конструктивна опозиција, а не само да наоѓаат мани. Меџити вели дека премиерот и претседателот на Собранието се две клучни политички фигури кои ќе ја пратставуваат државата на Cамитот во Вашингтон и порачува ДУИ да не очекува дека двајцата „фатени за раце“ треба да одат.

Објавено на

часот

Сподели

„И Мицкоски и Гаши имаат свои агенди, заедно се таму, мислам дека вечерва ќе имаат и заеднички настан и заедничка вечера таму. Според агендата некој тргнал порано, некој подоцна бидејќи имале активности и тука“, одговори Меџити на новинарско прашање за реакциите во државава зошто две различни делегации отпатувале во Вашингтон, и зошто првично беше соопштено дека во државната делегација нема функционер од коалицијата Вреди, а по критиката од ДУИ беше кажано дека и Гаши ќе биде присутен на Самитот на НАТО.

 

„Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на Вреди се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет“, критикуваше ДУИ преку партиското соопштение.

Од коалицијата Вреди потоа реагираа дека претседателот на Собранието, Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор.

„Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со дистрибуција на лажни вести. Од нив ништо веќе не зависи, а најмалку кој кога ќе отпатува во САД и со кого ќе се сретне. Да имаа навремени информации од стратешкиот партнер, немаше вака да се срамат. Но, тоа говори за нивниот кредибилитет да говорат за и во име на Албанците. Жалиме што ДУИ избра многу погрешни методи да се обидува да креира незадоволство кај Албанците“, се наведува во реакцијата на „Вреди“.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се во официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, исто така, учествува на Парламентарниот самит на НАТО, Вашингтон, информира собраниската прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ