петок, 25 октомври 2024
Тешка сообраќајка

Еден загинат и тројца повредени вечерва на автопатот Куманово-Табановце

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на автопатот Куманово-Табановце.

Објавено на

часот

Сподели

Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила голф, поло и БМВ. Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид, информираа од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.

СВР Куманово најавува повеќе детали во текот на утрешниот ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ