петок, 25 октомври 2024

Еден загинат и осум тешко повредени во пет сообраќајни несреќи за два дена

Објавено на

часот

Сподели

Трагично заврши животот на 21 годишно момче од Кирва Паланка во сообраќајната несреќа што се случи утрово час и половина после полноќ на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци.

И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле  со  повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на место на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка“, соопшти МВР.

Според билтенот на МВР вчера биле регистрирани четири сообраќајни несреќи во кој биле тешко повредени четвроица патници.

„Вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје -Тетово, во атарот на с.Семениште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(63) од с.Чајлане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.А.(21) од с.Бојане, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Ј.А.(23) од с.Бојане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

А доцна синоќа во СВР Охрид било пријавено дека И.С.(60) од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршиле дежурните полициски екипи.  

Две сообраќајни несреќи вчера се случиле и на територијата на СВР Тетово.

„Вчера околу 16:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во тетовска Мала Речица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат” со тетовски регистарски ознаки, управувано од  Ш.А.(62) од тетовско Боговиње и мотоцикл ,,хонда“ без регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од тетовско Долно Палчиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.  Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. А во 17:35 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовско Горно Седларце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес”, управувано од И.И.(57) од Горно Седларце и четирицикл, управуван од 16-годишник од село Синичане, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот, констатирани во Клиничка Болница во Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ