Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила во 1:15 часот, кога патнички автомобил пежо со охридски регистарски таблици управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информираше дека возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишниот сопатник од Охрид бил пренесен во болницата Св.Еразмо каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
Димоски истакна дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.