петок, 25 октомври 2024

Еден тешко повреден во сообраќајка на излезот од Прилеп за Битола

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска, пред 2 часот по полноќ. Во сообраќајната несреќа се судриле камион и патничко возило  на излезот од Прилеп, на регионалниот пат за Битола, кај клучката во близина на „Паркот на револуцијата“. Поради тешките повреди лицето, возач на патничкото возило, било веднаш префрлено на лекување на клиниките во Скопје. Од Автомото сојузот на Македонија информираа дека сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска која направила увид на местото на несреќата, сѐ уште не се знаат причините за несреќата.

„Несреќата се случила при директен судир на камион, натоварен со земјоделски средства и патничко возило марка ауди. Од силината на ударот целата предна страна на патничкото возило е уништена. Тешко повреден е возачот на аудито и по констатираните повреди веднаш е префрлен на лекување на скопските клиники“, изјави Илиеска.

Од Автомото сојузот на Македонија информираа дека сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ