недела, 14 јули 2024

Еден нов Бразил, фудбалерите добија 10 насоки како да се однесуваат!

Винисиус Жуниор и останатите бразилски ѕвезди добиле листа со 10 работи кои не треба да ги прават за време на Копа Америка.

Објавено на

часот

Сподели

Раководните луѓе во бразилскиот фудбал решиле да наметнат малку строгост и сериозност во националниот тим.

Синоќа се појавија информации дека било побарано од Јан Коуто да престане да ја фарба косата розева.

А како што пренесува УОЛ, Винисиус Жуниор и останатите ѕвезди на Бразил добиле листа со 10 насоки како да се однесуваат за време на Копа Америка.

1. Во секое време треба да прикажуваат слика на сериознот
2. Треба да избегуваат носење на светкави обетки
3. Не треба да носат екстравагантни ланчиња
4. Да ги користат социјалните мрежи на трезвен и дискретен начин, без шеги
5. Телефоните можат да се користат на маса само откако ќе финишираат со оброкот
6. Треба да избегнуваат да носат слушалки или да слушаат гласна музика кога пристигнуваат на стадионот
7. Треба да избегнуваат да се појавуваат на официјлни видо снимки како слушаат музика или прават шеги во соблекувалната
8. Да бидат запознаени и да го почитуваат распоредот
9. Да не го задржуваат и одложуваат поаѓањето на автобусот
10 Во собите да не јадат ништо друго освен она што е предвидено во планот подготвен од нутриционист

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ