петок, 22 ноември 2024

Е-бизнис пакети од УНИБанка АД Скопје – за поголема ефикасност и економичност во банкарските трансакции

На секој деловен субјект кој посакува континуиран раст и развој, вклучително и стартап компаниите потребна им е банка која ќе биде нивен доверлив партнер и која ќе ги поддржува во реализацијата на развојните планови. Банка на која ќе се потпрат во секојдневното работење и која ќе има разбирање за нивните потреби.

Објавено на

часот

Сподели

Еден од начините за воспоставување доверба е да се има транспарентност во банкарските трансакции и да се обезбеди предвидливост во сите трошоци од работењето, поврзани со банкарските операции.

Важна е транспарентноста, но и ефикасноста и сигурноста во спроведувањето на дигиталните банкарските операции.

Дигитализацијата во деловните трансакции е суштински дел од работните процеси и околу тоа немаме сомнежи, прашањето е само која Банка на најдобар начин ќе ни ја овозможи.

Онлајн плаќањата, плаќањата преку КИБС и МИПС, увид во изводите, девизните приливи, мобилно и електронско банкарство, уплата на дневен промет Cash In 24/7, како и поседувањето бизнис дебитна картичка се активности кои се дел од секојдневното работење, кои сакаме беспрекорно да функционираат, но и да имаме јасен увид во трошоците за нивна реализација.

Па така, доколку размислувате за прв пат да отворите платежна сметка во банка или сакате да отворите нова сметка, добро е да бидете информирани дека УНИБанка нуди поволности и атрактивни бизнис Е-пакети кои не се пропуштаат.

Со основниот “Е-пакет МИНИ” добивате бројни банкарски услуги и дополнителни 30 интерни плаќања, 11 плаќања преку КИБС и 2 плаќања преку МИПС, што е одлична можност за компании или стартапи со помал обем на трансакции, кои добиваат професионална банкарска поддршка за само 690 денари.

За оние компании кои имаат поголем број на транскации тука е вториот “Е-бизнис пакет”, кој покрај другите поволности, вклучува неограничени интерни плаќања, 22 плаќања преку КИБС и 6 плаќања преку МИПС бесплатно. За истакнување е “Е-бизнис пакетот +”, кој обезбедува и 3 бесплатни девизни плаќања со SNA трошоци.

Со избор на еден од трите Е-бизнис пакети на УНИБанка имате можност да бидете дел од модерна и дигитална Банка која има капацитет да одговори на сите Ваши барања и потреби и каде ќе се чувствувате како ценет и почитуван клиент.

Што треба да направите?

Да отворите нова платежна сметка во УНИБанка АД Скопје, а ако веќе имате постоечка сметка, потребно е да земете бизнис дебитна картичка, со што ќе добиете 3 месеци бесплатно активирање на еден од трите УНИкатни Бизнис е-пакети.

На овој начин не треба да се грижите за банкарските операции, туку целосно да се посветите на својот бизнис, бидејќи имате Банка која ќе ги исполни сите ваши очекувања.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ