вторник, 22 октомври 2024

Џафери и Гаши упатија честитки до верниците по повод Курбан бајрам

Техничкиот премиер Талат Џафери и претседателот на Собранието на Македонија упатија честитка за празникот Курбан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема х хфз. Шаќир ефенди Фетаи, како и  до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед.

Објавено на

часот

Сподели

Во честитката Џафери им упатува на сите верници од муслиманска вероисповед, над сѐ добро здравје, широкоградост, солидарност и правење добри дела кои, како што вели, ќе им ја облагородат душата и ќе му дадат вредност, мотив и квалитет на вашиот живот.

„Во исто време, посакувам аџиите кои актуелно се молат и ја оддаваат потребната почит на светиот пат на аџилакот, да упатат молитви и за сите граѓани и за Република Северна Македонија, нашата заедничка држава, за успешна година, во мир, во благосостојба и виден напредок во секое поле од општествениот и меѓународниот живот. Покрај молитвите, сите заедно да го направиме тоа што можеме за да осигуриме мир, благосостојба, и сигурен живот за оние што во ова време се засегнати од војни, болести и природни несреќи, затоа што животот е свет и сите треба да му се радуваат подеднакво, стои во честитката од Џафери“, соопштија од владината прес-служба.

Курбан Бајрам, се додава, нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди.

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши во честитката вели.

„Почитувани муслимански верници, празникот Курбан бајрам е меѓу најзначајните празници за кои се зборува низ историјата и кој нуди најсакани, вредни, највисоки и возвишени идеали. Настанот на таткото на монотеизмот, Ибрахим, со неговиот син, Исмаил, не е само најтрогателната сцена во историјата, туку е и највпечатлив настан во поглед на подготвеноста на човекот да се жртвува“, вели Гаши и додава дека приказна е изградена со ликови кои жртвувале и се жртвувале во името на идеалите и верувањето.
„Поинаку,  овој свет немаше да биде тоа што е и ние немаше да бидеме таму каде што сме.
„Размислувајќи за сите оние татковци на нашата земја и на нашата нација, кои со своето дело или, изразени на јазикот на овој празник, со својата жртва, ни овозможија да живееме достоинствен и мирен живот, се надевам дека овој празник ќе ве најде крај семејните софри, гушкајќи ги вашите најблиски, грижејќи се за потребите на сите и солидаризирајќи се со оние на кои не им треба леб. Уживајте во празникот“, вели Гаши.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ