петок, 25 октомври 2024

Двојни стандарди во Црна Гора: Албанците може, Србите не

Одбележувањето на Денот на српската државност во општината Пљевља вознемири дел од црногорската јавност, пишува подгорички Вијести.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Правните експерти тврдат дека во Црна Гора не би смеело да се слави празник на друга држава, што не важи за Албанците, кои секоја година во таа држава го одбележуваат Денот на албанското знаме.

За разлика од државниот празник на Србија, Денот на албанското знаме е и празник на албанското национално малцинство во Црна Гора, за што одлука донел Националниот совет на Албанците, објаснува Вијести.

Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора индиректно соопштило дека прослава на празници на други држави не можат да организираат општини. Тој ресор, на чие чело е Фатмир Џека, објасни дека прослави по повод празници во други држави можат да организираат претставници на странски претставништва со седиште во Црна Гора, организации или друштва кои вршат меѓународна дејност.

Претседателот на општината Пљевља Дарио Вранеш соопшти дека не сфаќа зошто некого го иритира прославата по повод, како што наведе, „сенародното востание на нашите предци“.

Тој за Радиотелевизија Црна Гора синоќа кажа дека многу народи ги негуваат традициите, ги почитуваат предците кои ги ослободувале од разни окупатори.

„Не разбирам зошто иритира академијата по повод сенародното востание на нашите предци. Како да осудувате академија поради денот на победата над фашизмот“, кажа Вранеш.

Тој истакна дека изгледа како на некој во Црна Гора да му смета сè што е српско.

„Ако не им пречи прослава на ден на вештерки, разноразни нови години, не знам во што е проблемот српскиот народ, кој во Пљевља е во големо мнозинство, да ги слави своите предци“, додаде Вранеш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ