сабота, 19 октомври 2024
НБА

Двоен пех за Филаделфија, загуби од Голден Стејт и остана без Ембид (ВИДЕО)

Филаделфија нема по добро да го памети натпреварот со Голден Стејт, доживеа пораз од 119-107, а го загуби и Џоел Ембид, кој заработи незгодна повреда на коленото откако врз него падна противнички кошаркар.

Објавено на

часот

Сподели

Двоен пех за Филаделфија на гостувањето кај Голден Стејт, не само што загуби, нервозно ќе ги чека резултатите од деталните прегледи на Џоел Ембид, кој доживеа незгодна повреда.

Во финишот од мечот, Џоел Ембид заврши на паркетот при една борба за топка, не само што лошо приземји, врз него падна и противничкиот кошаркар Куминга. Центарот на Филаделфија се виткаше од болки и беше испратен во соблекувална, се стравува дека повредата на коленото не е наивна.

Што се однесува до натпреварот, Голден Стејт славеше со 119-107, благодарение на одличната партија на Стеф Кари кој постигна 37 поени. „Воините“ имаа проблем само на почетокот од пресметката, а откако го превзедоа водството до полувремето, не го испуштија до крајот.

НБА резултати:

Њујорк – Јута 118:103
Бостон – Индијана 129:124
Атланта – ЛА Лејкерс 138:122
Чикаго – Торонто 107:118
Голден Стејт – Филаделфија 119:107

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ