вторник, 22 октомври 2024

Движете се порешително кон ЕУ, рече Гир за влијанието на евроизборите врз интеграцискиот процес

„Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија по европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет. Северна Македонија да го искористи моментумот, движете се порешително кон ЕУ“, рече eвроамбасадорот Дејвид Гир на прашањето како ќе влијаат резултатите од евроизборите врз проширувањето на ЕУ. Тој не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.

Објавено на

часот

Сподели

„Единствената работа којашто можам да ја додадам, е дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така што јас навистина се надевам дека Северна Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан. ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат“, рече евроамбасадорот кој денеска е во посета на Виница.

На евроизборите во јуни годинава победија партиите од десничарскиот спектар, што доведе до распишување предвремени парламентарни избори во Франција. И покрај зајакнувањето на десницата, Европската народна партија (ЕПП), предводена на изборите од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, останува најсилната фракција во новиот состав на Европскиот парламент со 189 пратенички места. Во новиот пратенички мандат во 720-члениот парламент, социјалдемократите освоија 133 места, либералите 82, конзервативците 70, Идентитет и демократија 60, а зелените 53 места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ