вторник, 22 октомври 2024

Две третини од Американците сакаат Бајден да се повлече од изборната трка

Две третини од Американците сакаат американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од изборната трка, покажува најновата анкета.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Анкетата, спроведена од Еј-би-си њуз, Вашингтон пост и Ипсос, доаѓа додека се зголемува притисокот врз Џозеф Бајден по неговиот несигурен настап во ТВ дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 27 јуни.

Моментот на објавување на анкетата може да биде значаен Демократите во Сенатот треба да одржат состанок со претставниците на изборната кампања на Бајден, откако сенаторот Питер Велч, првиот демократ, го повика Бајден да се повлече од трката, според Њусвик.

Според анкетата, потпретседателката на САД Камала Харис би имала добри шанси да го замени Бајден како претседателски кандидат, бидејќи нејзините резултати покажуваат дека 49 отсто од гласачите ја поддржуваат, додека 46 отсто го поддржуваат Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ