вторник, 22 октомври 2024

Две од трите обвиненија против Цветан Панделевски за случајот Империја се повлечени

Бизнисменот Зоранчо Митровски кој лани призна вина во случајот Империја и доби условна осуда, од вчера повеќе не одговара кривично. Дел од обвинението е повлечено и за бизнисменот Цветан Панделевски.Обвнителството го повлекло обвинението против Митровски во целост, а Панделевски нема да одговара за злоупотреба на службена положба и перење пари, но судењето против него продолжува за измама и за друго дело перење пари.

Објавено на

часот

Сподели

Во конкретниот случај велат за МКД.мк од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, јавниот обвинител имајќи ги предвид измените на Кривичниот законик, како и насоките и упатствата на Апелацискиот суд Скопје при решавање во втор степен, за двајца обвинети во предметот Империја го повлече обвинението во делот на Злоупотребата на службената положба и овластување по член 353 став 5 од КЗ, бидејќи искористување на службена положба и овластување, за кое одговараа обвинетите, со последните измени повеќе не е инкриминирано како незаконско во изменетиот член за злоупотреба на службена положба.

За едниот обвинет обвинението е повлечено и за кривично дело перење пари заради непостоење на предикативното дело од чл.353, но судењето против него продолжува за кривично дело измама и за друго дело перење пари.

Истрагата за случајот Империја почна уште во поранешното Специјално јавно обвинителство, а продожи во редовното обвинителство со 19 осомничени. Само тројца седнаа во обвинителна клупа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ