петок, 25 октомври 2024
Причина за најголем дел од огновите е човечки фактор

Две лица се осомничени за подметнување на пожари, Тошковски ја најави акцијата „Пожар 2024“

Две лица се осомничени за подметнување на два пожари, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додава дека се преземени чекори за откривање на вистината и за понатамошно процесуирање на случаите до надлежните органи.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на МВР, додава Тошковски, оформена е оперативна акција „Пожар 2024“, во која се вклучени сите сектори за внатрешни работи во земјава бидејќи, како што рече, факт е дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

„Фокусирани сме на откривање на сите оние сторители бидејќи факт е дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фатор. Досега имаме двајца осомничени за два конкретни кривичноправни настани и се преземени конкретни процесни чекори од аспект на утврдување на вистината и процесирање понатаму до надлежните органи“, рече Тошковски.

Тој ги повика граѓаните доколку увидат дека постојат сомнежи за какво било незаконско дејствување од кого било, навремено да информираат, а полицијата, како што рече, навремено ќе одговори и ќе ги преземе жестоко сите чекори што се потребни, сè со цел да може секој еден кој ќе се огреши во овој дел особено да одговара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ