петок, 25 октомври 2024

Двајца Сиријци илегално префрлиле 14 мигранти од Грција во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Х.М.(18) и А.А.(18), двајцата сириски државјани, со привремен престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „шверцување мигранти“. На 01.08.2023 пријавените, во својство на водичи, илегално префрлиле 14 мигранти, од кои едно дете, сите од Сирија, од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија“, информираат од МВР.

Покрај овој случај, ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата државјани на Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“.

„На 19 јули 2023, пријавените со патничко возило на граничен премин Богородица префрлиле еден грчки државјанин во Република Северна Македонија, прикривајќи го во багажниот простор од возилото“, известуваат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ