„Во СВР Скопјевчера во 16.10 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда била донесена М.Ц.(29) од Велес. Според пријавеното, таа се здобила со повредата при извршување работни задачи во фирма во индустриската зона Бунарџик, информираат од МВР во редовниот дневен Билтен. Вчера во 18.51 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Д.З. (55) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика во Битола“, соопшти МВР.
За настанот во фирмата во Бунарџик бил известен трудов инспектор, за случајот во Битола бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.