недела, 27 октомври 2024

Двајца повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Во сообраќајката кај мотелот Дреново на магистралниот пат Градско-Прилеп телесни повреди добиле еден возач и сопатничка, соопшти СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.С. (59) од село Секирци-Општина Долнени и „југо” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Л. (73) од село Сирково-Општина Росоман. Во несреќата телесни повреди добиле возачот на југото и сопатничката во аудито, констарирани  во  болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ