петок, 25 октомври 2024

Двајца мигранти се повредени кога криумчар излетал од патот по што полицијата го уапсила

Денеска околу 11 часот на автопатот Пријателство, во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар  Југ го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од село Студеничани, затоа што превезувал мигранти.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за шест мигранти од Кина.

„На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица. Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош. Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело криумчарење на мигранти. Тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ