недела, 9 март 2025

Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа кај Милетино

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Двајца малолетници од тетовско Милетино се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, што се случила вчера во 14:20 часот на локалниот пат село Брвеница-село Челопек.

Во несреќата учествувале патничко возило бмв со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје“, информира МВР.

Извршен бил увид од надележен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ