вторник, 22 октомври 2024

Два пожари во валандовско, едниот се заканува да се прошири кон Марвинци

РЦУК Струмица соопшти дека во валандовско има два активни пожари. Едниот е над село Марвинци, а другиот кај село Чалаклија.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Има пожар над село Марвинци општина Валандово, близу археолошкиот локалитет Исар. Гори сува трева и прнар. На терен се излезени 3 противпожарни возила и 8 пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари. Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали. Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија. Гори сува трева и пожарникарите се на терен. Поради поголема опасност, акцент се става на првиот пожар“, соопштија од РЦУК Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ