сабота, 19 октомври 2024

Два парка и помалку станбени објекти предвидува третата верзија на ДУП-от за Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

Уште еден парк, покрај првиот кој веќе беше предвиден и дополнително намалување на бројот на станбени објекти во Лисиче предвидува третата верзија на планот. Со ова граѓаните кои живеат во овој дел на општината ќе имаат два нови парка, а за 90% намален број на станбени објекти во споредба со првата верзија на деталниот урбанистички план, велат од Општината. Претходно, Општината информираше дека во втората верзија се предвидува и намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат.

Неофицијално, причина за дополнителната ревизија на деталниот урбанистички план, била намерата на општината да ги земе предвид сите прифатливи барања на граѓаните и да изготви план кој ќе биде креирам согласно барањата и интересот на жителите на овој дел од општината.

Од Аеродром велат дека Лисиче ќе биде модерна населба, со нови паркови и зелени површини. Тие додаваат дека целиот процес на носење на планот тече во отворена и транспарентна постапка, а интересот на граѓаните секогаш е во прв план.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ