недела, 24 ноември 2024

ДУИ: Вредините вазали ги навредија службениците Албанци нарекувајќи ги мувла – мувлосани

Демократската унија за интеграција е шокирана од секојдневните навреди на „вредините вазали“, поразени на претседателските и парламентарните избори, кон административците Албанци во државните органи, нарекувајќи ги „мувла, мувлосани“, реагира партијата на вчерашното соопштение на коалицијата Вреди кои на ДУИ ѝ порачаа дека „ќе ја отстранат мувлата од државните институции“.

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно Таравари ги нарече носачи на бурек на Македонците, а денес секој Албанец администратор е мувлосан. Нема граница на понижувањето што можеа да им го направат на Албанците вмровците од Вреди.

Го негираа знамето, химната, јазикот, војната, УЧК, Охридскиот договор, легитимитетот, нивните потписи на хартија, нивните изјави дека ако загубат ќе си поднесат оставки, сите нивни изборни ветувања ги погазија и веќе преминаа кон навреди на Албанците во институциите.

Немањето легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги понижува Албанците и тоа го прават само поради нивната жед за власт за да се збогатат и врз грбот на народот“, се вели во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ